Утрински Весник
Спорт

Пер: Нема да играм на Ју-Ес опен, сакам да останам жив

Пер: Нема да играм на Ју-Ес опен, сакам да останам жив

Голем број на тенисерите не се воодушевени со идејата за одржување на Ју-Ес опен. Гренд-слемот во Њујорк според планот ќе се одржи од 31 август до 13 септември.

Постојт различни мислења дали треба да се игра во Њујорк, американските тенисери се на ставот дека турнирот треба да се одржи дури и доколку учеството го откажат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Еден од оние кои нема да се појават во Њујорк оваа година е францускиот тенисер Беноар Пер.

„Сега ситуацијата е катастрофална. Превземате ризик доколку одите во САД. Коцкање е да се оди таму“, рекол за радио Монте Карло Пер.

„Ризикувам да се заразам доколку одам таму. Сакам да патувам и да играм тенис, тоа е нашето секојдневие, но ќе биде малку комплицирано доколку ризикуваме и одиме во САД и потоа треба да ги почитуваме правилата за карантин. Покрај тоа доколку играме на Ју-Ес опен тоа значи дека треба да ги жртвуваме Рим и Мадрид. Треба да најдете летови за да стигнете до таму“.

На крајот Пер рекол дека најверојатно нема да игра на ју-Ес опен.

„Во овој момент преферирам да не играм. Сакам да имам добро здравје и да останам жив“, заклучи Пер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо