Утрински Весник
Спорт

„Судењето не е исто откако Перез му се јави на првиот човек на Сојузот“

„Судењето не е исто откако Перез му се јави на првиот човек на Сојузот“
Dik 300x250 mk

Шпанската јавност денес се занимава со натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид, односно со пеналот кој го доби „кралскиот клуб“ и пеналот кој не беше суден за Атлетик. Дополнителна прашина ќе крене изјавата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој рекол дека судењето се сменило по разговорот на претседателот на реал Флорентино Перез со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Луис Рубијалес.

Тебас тврди дека на почетокот на година Перез во телефонски разговор со Рубијалес се жалел на судењето.

„Стално повторувам дека сѐ што има врска со ВАР во Шпанија се смени откако Флорентино Перез, во јануари, лично му се јави на Луис Рубијалес за да му се жали на судењето. Тој тоа го направи 20 минути по еден натпревар на реал. Според мене тоа е скандалозно и непримерно однесување. Се врши директен притисок врз судиите. по тој повик сѐ се смени, се створи непотребен притисок и несогласување помеѓу судиите во ВАР собата и судијата на теренот“, рекол Тебас и дополнил.

„Ние сакаме борбата во Ла Лига да биде отворена, да нема доминација на една екипа која во сезоната ќе освои 90 бодови. Сакаме сите да победуваат, да губат, да играат нерешено. Токму тоа се случува оваа сезона.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони