Утрински Весник
Македонија

Филипче: Целосно ги реновиравме хируршките сали на Клиниката за ортопедски болести при Тоарилуц

Филипче: Целосно ги реновиравме хируршките сали на Клиниката за ортопедски болести при Тоарилуц

Кон крајот на 2018 година, се пуштија во употреба комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при Тоарилуц – Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.

Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема.

„ Условите за третман на пациентите во оваа установа се одлични. Пациентите сега имаат врвна медицинска услуга. Го подигнавме здравствениот систем на едно повисоко ниво. Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи, а во моментов се подобруваат условите и во други клиники и болници. Пациентите и вработените во јавното здравство конечно ги ставивме на прво место. Продолжуваме преку инфраструктурно инвестирање да им ја олеснуваме работата на сите здравствени работници, а пациентите да бидат задоволни од здравствениот третман“, изјави министерот Филипче.

Целото реновирање чинеше над 30 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци

Левица: СДСМ е против една изборна единица, се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад