Утрински Весник
Спорт

„Меси сака кариерата да ја завшри во Барселона“

„Меси сака кариерата да ја завшри во Барселона“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Првиот човек на Барселона Џозеп Марија Бартомеу верува дека Лионел Меси кариерата ќе ја заврши на „Ноу Камп“. Пред неколку дена радиото „Каде сер“ објави дека Аргентинецот г прекинал преговорите околу новиот договор бидејќи имал намера наредното лето да ја напушти Барселона.

„Нема да објаснувам детали од она што се случува секоја недела. Постојат преговори со бројни играчи, а Меси секогаш говорел дека сака кариерата да ја заврши во Барселона“, рекол Бартомеу.

Барселона синоќа го победи Вилјареал со 4:1. Меси не постигна гол меѓутоа ја забележа 19 асистенција во сезоната. Барса има четири бода помалку од лидерот Реал поради што многумина сметаат дека тренерот Киек Сетиен ќе добие отказ.

„Знаме дека постојат гласини, но тие се лажни. Сетиен ја има довербата на управата и играчите, одлично работи. До крајот има уште четири кола, а потоа не ека Лигата на шампионите. Имаме уште многу важни натпревари“.

Барселона наредниот натпревар ќе го одигра во среда против градскиот ривал Еспањол. Дуелот на „Ноу камп“ ќе започне во 22 часот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место