Утрински Весник
Спорт

Баркли: Сезоната во НБА нема да продолжи

Баркли: Сезоната во НБА нема да продолжи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА лигата Чарлс Баркли смета дека сезоната во најсилната лига нема да продолжи. Баркли смета дека организаторите во Дизни кампот во Орландо ќе се соочат со големи проблеми доколку дополнително се вложи ситуацијата со коронавирусот.

Баркли кој секогаш јавно го кажува своето мислење и се држи до своите ставови во „подкастот“ на Ерни Џонсон говорел за идејата на НБА сезоната да продолжи и да заврши во Орландо.

„Мислам дека НБА нема да продолжи. Ова ќе биде лошо за целата организација, знам дека многу луѓе ќе останат без работа и дека како на филмска лента ќе се редат проблемите. Ова што сега се случува на Флорида ја прави оваа држава едно од најлошите места во светот, а таму треба да имаме 22 екипи. Едноставно не гледам на кој начин ќе може во наредните три месеци таму да се игра кошарка. Едноставно е невозможно“, рекол Баркли.

Челниците на НБА лигата го прекинаа првенството на 11 март кога центарот на Јута Џез Руди Гобер објави дека е позитивен на коронавирусот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место