Утрински Весник
Македонија

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Вработен во МВР станал и советник во општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно лишување од слобода.

Според информациите од охридското обвинителство, осомничените, на возраст од 19 и 20 години, кривичното дело го сториле на 3 јули.

Првоосомничениот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со Италијанката, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и заминале.

Настанот бил пријавен од амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и приведени.

Јавен обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и на осомничените им е определен притвор во траење од по осум дена.

Текстот Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица