Утрински Весник
Свет

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус
Dik 300x250 mk

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци.

Министерството за здравство во земјата, денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 23.000 нови случаи на ковид-19, што е помалку од рекордните 25.000 кои беа потврдени во неделата.

Во Индија досега починале 20.000 луѓе како последица на вирусот.

Повеќе заразени од Индија во моментов имаат САД и Бразил.

Индиските власти изјавија дека ја повлекуваат одлуката за отворање на најпознатата туристичка атракција во Индија, Таџ Махал, поради состојбата.

Текстот Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем скандал во австралиската војска: илјадници жени биле жртви на сексуална злоупотреба

Москва одговори на тврдењата на Литванија дека руски авиони влегле во нејзиниот воздушен простор

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот