Утрински Весник
Спорт

Конте: Треба да се запрашаме дали јас сум вистинскиот тренер за победнички Интер!

Конте: Треба да се запрашаме дали јас сум вистинскиот тренер за победнички Интер!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Антонио Конте не беше во најдобро расположение откако неговите Интер загубија со 1:2 од Болоња, праќајќи предупредување со прашањето дали тој и неговите играчи се „вистинските“ за победнички проект на „нераѕурите“.

Интер го имаше мечот во свои нозе, откако Ромелу Лукаку ги донесе во водство, но откако Лаутаро Мартинез утна пенал, Болоња направи спектакуалрен пресврт и покрај тоа што играше со 10 играчи.

По мечот, Конте поминал еден час во соблекувалната на тимот заедно со играчите и со спортскиот директор Бепе Марота, по што беше безмилосен во изјавите.

„Јасно е што се случи, нема што да се каже за мечот. Сите мораме да ја преземеме одговорноста, прво јас како тренер, а потоа сите фудбалери кои излегуваат на теренот. Денеска им го подаривме мечот на Болоња и не ни е првпат“, вели Конте.

Статистиката покажува дека Интер загубија 18 поени оваа сезона во мечеви во кои водеа во Серија А и Конте вели дека проблемот е јасен.

„Можам само да кажам дека отсега до крајот на сезоната, сите ние, вклучувајќи ме и мене, мораме да докажеме дека заслужуваме да бидеме тука. Ако градиме победнички проект, мораме да се запрашаме дали јас сум вистинскиот тренер за тоа, и дали овие фудбалери се вистинските за тоа“, додава лутиот Конте.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата