Утрински Весник
Магазин

(Видео) Брачен пар од Русија во својот дом изградил пирамида

(Видео) Брачен пар од Русија во својот дом изградил пирамида
Img 5587

Руската брачна двојка Андреј и Викторија Вакхрушева решиле да изградат вистинска пирамида на нивниот имот во селото Истинка кај Санкт Петербург, по примерот на египетските во Гиза.

Vintage News пишува дека соседите биле изненадени кога го виделе завршувањето на проектот на брачна двојка која секогаш била фасцинирана од цивилизацијата на древен Египет.

Img 5587

Андреј и Викторија неколку пати ја посетувале Гиза за да ги видат познатите монументални пирамиди со свои очи. Откако се вратиле во својата татковина, тие минатата година решиле да направат копија од најголемата пирамида на Кеопс во сопствениот двор, се разбира, со помали димензии.

Сега, во нивниот двор има пирамида висока девет метри со страни во дожина од 13 метри.Комплетниот материјал што се користел за изградба на пирамидата е првенствено бетон со тежина од 400 тони. Ентериерот на пирамидата сè уште не е целосно уреден, но дури и сега е доволно интересен за посетителите кои се подготвени да платат 50 долари за да поминат време во нејзините одаи и да медитираат, пренесува „Кликс“.

Оваа пирамида е 19 пати помала од оригиналната во Гиза и е делумно под нивото на земјата (девет метри), а во неа има и саркофаг.

Андреј и Викторија не планираат да престанат по завршувањето на пирамидата. Имено, тие веќе прават план за египетски храм во нивниот двор, кој ќе биде поврзан со пирамидата со тунел.

Нивниот прв сосед, Александар Пустошински, ги опишува како „добри соседи“ и дека нивните необични постапки биле инспиративни за сите жители на селото.

Текстот (Видео) Брачен пар од Русија во својот дом изградил пирамида е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија