Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионерите, стечајците, самохраните родители и невработените

05072020 Спасовски 1

„Најавувам нова 4-та одлука на Владата, за секој пензионер со пензија до 15.000 денари домашна платежна картичка од 9.000 денари, за секој стечаен работник, 12.000 во државата, домашна платежна картичка за купување домашни производи. За секој невработен и не е активен барател на работа – домашна платежна картичка и за секој самохран родител – домашна платежна картичка“, изјави носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната граѓанска трибина во Чаир.

„Продолжуваме со конкретни проекти, не со лаги и манипулации што ги нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Се што говорат, ве повикувам да не ги сфаќате сериозно, затоа што не знаат ни што имаат напишано, ни како тоа да се реализира. Ова е сигурноста, знаеме како, покажавме дека можеме, затоа сите заедно на 15 јули бројот 3 – да покажеме дека можеме и повеќе и подобро“, повика Спасовски.

Текстот Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионерите, стечајците, самохраните родители и невработените е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Поведена постапка за врсничкото насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Времето утре – сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора