Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го заштити од коронавирусот. Потребни биле осум дена да се направи маска над која е ставено 60 грама злато, рече Курхаде, кој живее на западниот дел на Индија.
„Тоа е тенка маска со мали пори за да можам да дишам“, рече тој за АФП, но призна дека сè уште не е сигурен дека таквата маска може да го заштити од вирусот, поради што презел и други заштитни мерки.
Шанкар Курхаде има 49 години, а кога излегува, сака да стави накит тежок околу еден килограм. Околу вратот носи златен ланец, носи нараквици и прстен на секој прст на десната рака.
Индиецот, кој поседува фабрика за градење на хангари, рече дека дошол до идеја да направи златна маска откако гледал извештај за човек кој за себе направил сребрена маска.
„Луѓето сакаат да се сликаат со мене затоа што се импресионирани кога ја гледаат златната маска којашто ја носам на пазарот“, додаде тој.
Во Индија задолжително е да се носи заштитна маска на јавни места во борбата против коронавирусот. Во таа земја, вирусот зарази 650.000 луѓе, од кои починале повеќе од 18.600.
Текстот Индиец со златна маска се штити од коронавирус е превземен од МАКФАКС.