Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мисајловски: Чаир е заборавен од власта, ветуваме дека повеќе нема да има граѓани од втор ред

(Видео) Мисајловски: Чаир е заборавен од власта, ветуваме дека повеќе нема да има граѓани од втор ред

„Денеска повторно сме во Чаир, да се видиме тука со населените места, во маалата, да разговараме за проблемите на граѓаните. Се видовме и со повозрасните, со пензионерите кои не замолија да се зголемат пензиите, не замолија реално да се зголемат пензиите, а не како изминативе три години во кои постојано се ветуваше, но за жал пензионерите не добија ниту денар повеќе“, изјави Владо Мисајловски,носител на ИЕ 2.

„Затоа ние се обврзуваме со ветување до сите пензионери дека ќе ги зголемиме пензиите за преку 20%, бидејќи тие заслужуваат и се столб на општеството. Тие тука во Чаир живеат и живееле со години, сакаат да останат тука, затоа треба да им го подобриме стандардот, но не само на пензионерите, туку и на сите останати. Затоа ветуваме поголеми плати, како и подобар животен стандард.

Ветуваме инфраструктурни објекти, ветуваме поголеми капитални инвестиции. Позади мене се наоѓа Поликлиниката Чаир, СДСМ ветуваше дека ќе ја реновира комплетно, но може да видиме дека едно камче не е мрднато. Ние можеби ветуваме илјадници проекти, но сите тие се издржани, сите тие ќе бидат исполнети, затоа што ние стоиме позади секој еден проект. Можеби не ветуваме се и сешто, но она што ќе го ветиме, ќе го исполниме.

Тука доста граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ред, бидејќи институциите не работат за нив, бидејќи локалната и централната сосема ги заборави.Затоа почитувани граѓани, почитувани чаирчани дајте ни ја поддршката, дајте ни шанса да направиме обнова во Македонија. Да направиме обнова во културата, да ја обновиме инфраструктурата, обнова на традиција и достоинството и на семејните вредности.Чаир е место кое заслужува да му се даде посебен акцент, Чаир не смее да се заборави и овие луѓе тука кои се останати да живеат, сакаат само една подобра перспективност, подобар стандард и нивните деца да продолжат да живеат тука“, додаде тој.

Текстот (Видео) Мисајловски: Чаир е заборавен од власта, ветуваме дека повеќе нема да има граѓани од втор ред е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !