Утрински Весник
Свет

Грција ги затвора границите за српски државјани

Грција ги затвора границите за српски државјани
Dik 300x250 mk

Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за српските државјани.

Српските туристи кои веќе се наоѓаат Грција, која важи за популарна дестинација за одмор за Србите, ќе можат да ја напуштат земјата.

Претходно се појави вест дека грчкото Министерство за надворешни работи може да донесе одлука за затворање на границите за Србите, а во меѓувреме решението е и официјално донесено.

Ова веројатно ќе значи поголем прилив на српски туристи во Хрватска, бидејќи границите на Црна Гора со Србија се и натаму затворени.

Србија изминатава недела бележи голем пораст на заразени од коронавирус, а пред два дена беше најтешкиот ден од почетокот на епидемијата во земјата затоа што беа регистрирани дури 11 смртни случаи.

Текстот Грција ги затвора границите за српски државјани е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија