Утрински Весник
Спорт

Душко Тошиќ нападнат со нож во Белград!

Душко Тошиќ нападнат со нож во Белград!

Фудбалерот на кинескиот Гуангжу Р&Ф, Душко Тошиќ и координаторот за физичка подготовка на репрезентацијата на Србија, Андреја Милутиновиќ биле нападнати со нож и камења на Калемегдан во Белград додека џогирале, јавува српскиот „Објектив“.

Според порталот, кој наводно има извори од Тошиќ, тројца момчиња ги застанале и се заканувале барајќи пари, по што ги нападнале. Случајот е пријавен во полиција, а за среќа нема повредени.

35-годишниот Тошиќ, кој инаку е оженет со српската пејачка Јелена Карлеуша, се врати во Белград по стопирањето на кинеската Суперлига.

> Душко Тошиќ нападнат со нож во Белград! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето

Полицијата во Атланта се подготвува за можни инциденти пред полуфиналето Англија – Аргентина

Автомобилско шоу на Пониква – изложба на двесте автомобили