Во утинските часови на 4 јули во полициската станица Карпош, скопјанец пријавил дека 26-годишна Италијанка, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода 19-годишник од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Италија.
По координацијата, на терен излегле полицајци од СВР Охрид и во изнајмен стан на улицата „Партизанска“, била пронајдена италијанската државјнка како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на споменатиот 19-годишник.
Двајцата скопјани набргу биле приведени во СВР Охрид. За настанот е запознаен јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одреден притвор во траење од по осум дена.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Текстот Пронајдена Италијанка која двајца скопјани ја чувале заклучена во стан во Охрид е превземен од МАКФАКС.