Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди од нож бил донесен повреден 29-годишник од скопското селото Батинци, кој за кратко време починал.
Во меѓувреме во болницата со повреди бил донесен и друг жител на Батинци, на возраст од 28 години.
Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пренесени биле уште двајца селани, 39-годишник повреден од огнено оружје, 25-годишник повреден со нож.
Според првичните информации, во двор на угостителски објект во Батинци, во сопственост на 27-годишник од селото Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож.
Полицијата се сомнева дека можен сторител е Н.З. од Батинци кој е во бегство и по кого се трага. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Текстот Еден починат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци е превземен од МАКФАКС.