Утрински Весник
Спорт

Хамилтон пак ги обвини ривалите: Ако молчите за расизмот, тогаш сте соучесници

Хамилтон пак ги обвини ривалите: Ако молчите за расизмот, тогаш сте соучесници

Шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон повторно изрази разочарување од некои свои ривали поради „соучесничката тишина“ околу прашањата за расизмот по протестите во САД и низ целиот свет по смртта на Џорџ Флојд.

Сите 20 Ф1 возачи се согласија да носат маички со порака „Крај на расизмот“ пред Австриското ГП денеска, но порака со поддршка на „Black Lives Matter“ најверојатно нема да има бидејќи дел од возачите се сомничави околу политичката природа на движењето. Хамилтон вели дека сакал повеќе возачи да го кренат својот глас.

„На состанокот се заблагодарив на тие кои напишаа нешто на социјалните мрежи бидејќи тоа е одлична платформа. Им објаснив дека тишината во основа значи соучесништво. И продолжува да има тишина. Има луѓе кои не разбираат што се случува и кои се причините за овие протести. Знам дека има проблем со возачите, не ми е потребно вакво искуство за да го знам тоа“, вели Хамилтон.

Хамилтон ги „прозва“, Ф1 возачите со пораки против расизмот

> Хамилтон пак ги обвини ривалите: Ако молчите за расизмот, тогаш сте соучесници <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Маршан победи со олимписки рекорд, Мартиненги ја прекина доминацијата на Пити

Јапонија и Австралија најуспешни по вториот ден на Олимписките игри

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз