Утрински Весник
Спорт

Баерн го освои Купот на Германија (Видео)

Баерн го освои Купот на Германија (Видео)

 

Баерн Минхен со победата над Баер Леверкузен 4:2 го освои Купот на Германија. Бававарците освоија нова двојна круна во Германија, а во август ќе се обидат да ја освојат и Лигата на шампионите.

Кој ќе го освои трофејот во Купот беше јасно по само 24 минути игра кога Баерн со головите на Алаба и Гнабри стигна до предност од 2:0.

По еден час игра Баерн имаше предност од три гола. Левандовски со одличен волеј го постигна својот 50 гол во сезоната.

„Фармацевтите“ го намалија резултатот во 64 минута преку Бендер.

Левандовски во претпоследната минута со својот втор гол ја врати предноста од три гола за Баерн, а конечниот резултат од пенал го постави Хаверц во 95 минута.

Баерн вечерва го освои 20 трофеј во Купот.

> Баерн го освои Купот на Германија (Видео) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026