Утрински Весник
Свет

Сибирски тигар уби чуварка во зоолошката во Цирих

Сибирски тигар уби чуварка во зоолошката во Цирих

Женка од видот сибирски тигар убила 55-годишна чуварка во зоолошката градина во Цирих, соопштија властите.

Спасувачките екипи не можеле да ѝ помогнат на жената која починала на самото место.

Нападот го пријавил посетител на зоолошката градина, по што персоналот ја намамил тигрицата Ирина да се оддалечи од жртвата и животното се повлекло во своето живеалиште, соопштија од полицијата и администрацијата на зоолошката градина.

Околностите за нападот се истражуваат.

Во истото живеалиште живее и четиригодишен мажјак по име Сајан.

Ирина и натаму останува во зоолошката градина каде дошла пред една година од друга зоолошка, со цел да ја замени женката која угинала по борба со Сајан.

Сè уште не е јасно зошто чуварката и тигрицата биле во затворен простор во исто време, информираат од раководството на зоолошката.

Зоолошката градина во Цирих се отвори пред еден месец откако беше затворена поради коронавирусот.

Текстот Сибирски тигар уби чуварка во зоолошката во Цирих е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња