Утрински Весник
Свет

Посетители на нелегална забава во Лондон со тули ја нападнале полицијата

Посетители на нелегална забава во Лондон со тули ја нападнале полицијата

Седуммина полицајци се повредени на неофицијален музички настан во Лондон, откако се обиделе да ги растераат учесниците затоа што ваквите собири претставуваат здравствен ризик за време на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Собраните на настанот во една зграда во западен Лондон, станале агресивини и почнале да фрлаат со разни предмети кон полицијата.

Лондонската полиција денеска соопшти дека кон нејзините припадници биле фрлани и тули.

На крајот, собраните сепак се разотишле, а во врска со настанот нема уапсени.

Текстот Посетители на нелегална забава во Лондон со тули ја нападнале полицијата е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Интерпол уапси стотици лица осомничени за криумчарење африкански мигранти во Европа

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје

САД стануваат прва држава во светот која во целост ги бојкотира проверките на Советот на ОН за човекови права