Утрински Весник
Свет

Во САД повторно над 50.000 новозаболени од Ковид-19

Во САД повторно над 50.000 новозаболени од Ковид-19

САД се на прво место во светот  по бројот на заразени и починати од коронавирус, а веќе трет ден по ред пријавуваат повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус.

Според веб-страницата на Ворлдметерс, 2.890.588 луѓе се заразени во САД, а од коронавирусот починале 132.101 лица.

САД во петокот пријавиле најмалку 51.842 нови случаи, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Калифорнија, Аризона, Тексас и Флорида објавија рекорден број нови случаи на инфекција неделава. Флорида во петокот пријави скоро 9.500 нови случаи на коронавирус, а Тексас 7.555.

 

Текстот Во САД повторно над 50.000 новозаболени од Ковид-19 е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда