Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Јанушев: Промоција и поддршка на македонските компании за настап на странски пазари

Јанушев: Промоција и поддршка на македонските компании за настап на странски пазари
Img 7972

Игор Јанушев, носителот на листа на изборна единица 3 и Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска во посета на општина Делчево ја посети текстилната фабрика Витекс во Делчево.

Јанушев посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на животниот стандард на граѓаните, повисока стапка на економски раст, креирање на нови високо платени работни места, зголемување на платите и стандардот на работниците, пораст на домашните и странски инвестиции, но и зголемување на извозот.

Јанушев вели дека со проектот Обнова на Македонија се обврзуваат на системска, аналитичка, институционална, финансиска и логистичка и друг тип на државна поддршка за македонските извозни компании и нивна промоција за настап на странски пазари, како и формирање на таканаречени извозни промотори за поддршка на извозот на домашните компании и производи на нови пазара низ светот.

„ Ја посетивме текстилната фабрика „Витекс“ во Делчево. Текстилната индустрија е водечка во овој регион. Затоа во програмата се обврзавме на реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на оваа гранка, кои ќе потпомогнат во модернизација и подобрување на извозните перформанси“ истакна Јанушев.

Текстот Јанушев: Промоција и поддршка на македонските компании за настап на странски пазари е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ветено – сторено: Костадинов им исплати плата од 80.000 денари на струмичките пожарникари

Скопјанка истепана од поранешниот сопруг, кој веќе имал за забрана за приближување

Полицијата фати шверцери на цигари, лишени од слобода три лица за даночно затајување и недозволена трговија