Утрински Весник
Спорт

Ферари го „шутнале“ Фетел поради корона вирусот?

Ферари го „шутнале“ Фетел поради корона вирусот?

Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека пандемијата на КОВИД-19 влијаела на одлуката на тимот да не му понудат нов договор на Себастијан Фетел.

Пред рестартот на сезоната овој викенд во Австрија, Фетел, кој ќе биде заменет со Карлос Саинс Јуниор во 2021, откри дека воопшто не добил понуда за продолжување на договорот со италијанскиот тим, но Биното вели дека иако Германецот бил „прв избор“, пандемијата на корона вирусот влијаела на одлуката да се намали буџетот за 2021.

„Во текот на зимата велевме и јавно и лично на него дека тој ќе биде нашиот прв избор и тоа го потврдувам. Во текот на јануари тоа беше така, но работите што се случија подоцна, со вирусот и со пандемијата, го сменија цел свет, а не само Формула 1. Ограничувањето на буџетот е построго, новите регулативи се поместени за 2022. Додека фабриката беше затворена моравме да направиме одлука која му ја пренесовме на Себ“, вели Биното.

Тој додава дека сфаќа зошто Фетел не е задоволен.

„Слушнав дека бил изненаден, но не се сеќавам на тоа. Но, го разбирам. Знам дека и сега не е среќен со одлуката и тоа е нормално. Шесте сезони со него беа одлични, тој е голем шампион и одличен човек“, додава Биното.

> Ферари го „шутнале“ Фетел поради корона вирусот? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот