Утрински Весник
Македонија

Јанушев: Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години

Јанушев: Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години

Носителот на листа на изборна единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска е во посета на општина Македонска Каменица.

Јанушев го посети и пазарот во Македонска Каменица каде што подели промотивен материјал и разговараше за проблемите на граѓаните со кои што се соочуваат изминатите три години како и негрижата на актуелната власт и лошата состојба во земјоделието.

Јанушев оствари средба и со младите во Македонска Каменица каде што ги презентираше мерките од Проектот Обнова на Македонија.
Јанушев истакна дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови работни места за младите, повисоки плати, финансиска поддршка на компаниите за вработување на млади лица до 29 години, загарантирана работа за 500-те најдобри студенти од државните универзитети и многу други проекти кои ќе значат решавање на проблемите на младите и градење на својата иднина во Република Македонија.

„Го посетив пазарот во Македонска Каменица, поделивме промотивен материјал и разговараме со граѓаните. Потоа се сретнав со младите и пензионерите за да размениме мислења во врска со проблемите што сите заеднички нѐ мачат. Им ја презентирав програмата и сите заедно се сложивме дека обнова е неопходна. Обнова и ќе се случи. На 15 јули доаѓа нова ера за Македонија“, пишува Јанушев на својот официјален фејсбук профил.

Текстот Јанушев: Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Трудовиот инспекторат не може да постапи по барањето на синдикатот за поништување на огласот со партиски вработувања во М-НАВ од Скопје, оти архиварката била на одмор

Трајчулески до Мицкоски: Ние од СДСМ сме наследници на антифашизмот, а вие на хибридната идеологија на Ванчо Михајлов