Утрински Весник
Македонија

Скопје ЗОО добива авантура-парк за деца

Скопје ЗОО добива авантура-парк за деца

Скопската Зоолошка градина добива авантуристички адреналински парк.

Авантура- паркот е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години.

Од Зоолошката велат дека овој парк ќе биде налик познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2.000 м2, со безбедни реквизити за користење.

Наскоро почнуваат подготовките во ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на авантура-паркот ќе биде бесплатно за сите деца.

Текстот Скопје ЗОО добива авантура-парк за деца е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Изгоре противпожарен камион, двајца пожарникари повредени

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење

Андоновски: Националниот дата-центар ќе ја обедини државната ИТ инфраструктура – помалку трошоци и повисока безбедност