Утрински Весник
Македонија

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, во скопското обвинителство продолжи со поднесување на кривични пријави поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

Како што истакна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, кривичните пријави се однесуваат на најмалку 30 лица и поради содржината Јовановски бара вклученост на меѓународните институции и амбасадите.

„Поради сериозноста на наводите, од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува“, изјави Дуковски откако минатата недела беа поднесени околу осум кривични пријави, а веројатно тоа ќе продолжи и во следните денови.

Засега е извесно дека кривичните се поднесуваат за лица и конкретни дејствија коишто се поврзани со двата предмети, а со нив опфатени се и функционери од државните институции. Јовановски поднесува кривични пријави и за кршење на неговите човековите права, за нехумано и нечовечко однесување од страна на лица кои не биле директно вклучени во постапката.

Текстот Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата