Утрински Весник
Македонија

Спасовски: За подобра инфраструктура во Чучер Санедво вложени се над 9 и пол милиони денари

(Видео) Спасовски: За подобра инфраструктура во Чучер Санедво вложени се над 9 и пол милиони денари

Квалитетната инфраструктура е многу значајна за економски раст и развој и е едно од клучните барања како на бизнисот, така и на граѓаните, рече премиерот Оливер Спасовски при денешната работна посета на општина Чучер Сандево.

Тој нагласи дека во општината се реализираат 4 проекти од Програмата за рамномерен регионален развој со вкупна вредност од над 9 и пол милиони денари.

„Тоа се проектот за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора со посебен акцент на Општините Чучер Сандево и Бутел, потоа проектот за воспоставување на систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопската котлина, кој е од особено значење за општината, проектот Реконструкција на примарна и секундарна водоводна мрежа за село Блаце, како и рехабилитацијата на дел од локалниот пат за село Блаце“, нагласи Спасовски.

Објасни дека денешната средбата е со цел утврдување на динамиката на тековните активности и проекти во општината кои се спроведуваат со поддршка на Владата.

„Оваа наша активност е во насока на нашата трајна и стратешка определба да овозможиме рамномерен регионален развој и еднакви можности за квалитетен живот за сите наши граѓани, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место“, посочи премиерот.

Текстот (Видео) Спасовски: За подобра инфраструктура во Чучер Санедво вложени се над 9 и пол милиони денари е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали