Утрински Весник
Македонија

Ибрахим: Уверен сум дека политката на заедништво ќе добие голема поддршка на 15 јули

Ибрахим: Уверен сум дека политката на заедништво ќе добие голема поддршка на 15 јули

Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), воедно и кандидат за пратеник, Енес Ибрахим се сретна со граѓаните од Гостивар и ги изнесе клучните точки од изборната програма на ТХП.

Ибрахим во својот говор истакна дека разликите меѓу, како што кажа, режимскиот период и последните три години е очигледна.

„Од поделено општество и разнебитени граѓани создадовме општество кое нуди еднакви можности на сите, општество кое се одликува со солидарност, заедништво и слободарски дух. Во нашиот концепт нема место за раздор, бидејќи разноликоста ја перципираме како предност и богатство на оваа земја, а Гостивар е светол пример на средина каде сите заедници функционираат во кохезија“, рече претседателот на ТХП, изразувајќи уверување дека на 15 Јули граѓаните ќе потврдат дека се за континуитет на успешните политики од изминатите три години и ќе дадат огромна поддршка на кандидатските листи на коалицијата „Можеме“.

Текстот Ибрахим: Уверен сум дека политката на заедништво ќе добие голема поддршка на 15 јули е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони