Утрински Весник
Свет

Чедомир Јовановиќ приклучен на кислород

Чедомир Јовановиќ приклучен на кислород
Dik 300x250 mk

Состојбата на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил пренесен во друга болница, наведуваат некои белградски медиуми.

Јовановиќ беше примен во болница пред неколку дена поради пневмонија, потврдено е тогаш за Б92.нет од ЛДП.

Според денешните извештаи во медиумите, неговата состојба се влошила и тој се наоѓа во делот на болницата каде што престојуваат пациенти приклучени на кислород.

Тој, наводно, бил пренесен од КБЦ „Бежаниска коса“ на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, а неговата здравствена состојба е лоша.

Како што претходно објави Б92.нет, Јовановиќ бил во контакт со лице кое се заразило со коронавирус, а веднаш штом ги почувствувал симптомите на болеста, се пријавил во болницата и направил тест за коронавирусот. Резултатите не се објавени.

Текстот Чедомир Јовановиќ приклучен на кислород е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа

Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време