Фудбалерот на Манчестер сити Рахим Стерлинг рекол дека победата над Ливерпул (4:0) ги покажала вистинските можности на тимот. Стерлинг заедно со Де Брујне беа најдобрите играчи на Сити во победата над новиот англиски првак. Двајцата запишаа по гол и асистенција.
Стерлинг најпрвин избори пенал, а потоа самиот го совлада Алисон Бекер. Англискиот репрезентативец го постигна првиот гол во кариерата против поранешниот клуб.
„Ливерпул беа брилијантни во текот на целата сезона, поради тоа сакавме против нов да одиграме добар натпревар. Заневме дека разликата е голема, дека на моменти разочаравме, но ова беше тест против шампионот, требаше да испратиме порака и тоа го направивме на брилијантен начин“, рекол Стерлинг.
„Новата сезона за нас започна денес и ние одигравме добро. Ние сме ним што непрекинато еволуира и се менува. Погледнете ја само зрелоста со која игра Фил (Фоден). Мислам дека и во иднина ќе имаме одлични играчи“.
> Стерлинг: Новата сезона за нас започна, испративме порака до ривалите <