Утрински Весник
Свет

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени со корнавирус.

„По синоќешното гостување на претседателот на Србија на РТС и пораката дека студентските домови ќе бидат затворени и дека академиците кои не се од Белград ќе мора да се вратат дома, се појави вистинска мешаница“, вели министерот Младен Шарчевиќ.

„Тие остануваат во студентските домови и не станува збор за компромис. Студентската поликлиника испрати лоша порака кога од таа институција беше соопштено дека од коронавирус заболеле над 3200 студенти“, додава тој.

Но, се покажало дека се заразени само 20 студенти од студентските домови. Тоа, како што вели тој, е случај во Белград, додека во другите градови или нема заразени лица во домови или тој број е минимален, објасни министерот.

Протестите се случија по најавите дека српскиот претседател Александар Вучиќ од денеска да ги затвори сите студентски домови поради порастот на бројот на заразени со коронавирус во главниот град. Тоа предизвика незадоволство меѓу студентската популација која синоќа почна да се собира на улиците.

Најголемиот собир бил во Студентскиот град, но и во студентскиот дом „4 Април“, каде незадоволните студенти излегле и блокирале една од улиците.

„Полицијата дојде и си замина. Атмосферата е одлична. Ништо не е готово и ние нема да заминеме се додека не се реши ситуацијата. Нема лидер на протестите“, истакна еден од студентите.

Меѓу младите биле забележани пароли „Правда за студентите“. Некои од студентите ги повикувале станарите од околните згради да им се придружат.

Текстот (Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење