Утрински Весник
Спорт

УЕФА наскоро ќе одлучи дали ќе има публика на ЛШ и ЛЕ

УЕФА наскоро ќе одлучи дали ќе има публика на ЛШ и ЛЕ

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин вели дека до 10 јули ќе се донесе одлука дали ќе биде дозволено присуство на навивачи на завршните мечеви од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Двете натпреварувања ќе се комплетираат со фајнал 8 турнир во Португалија (ЛШ) и Германија (ЛЕ) и првичната одлука беше да се игра без присуство на навивачи. Меѓутоа, Чеферин вели дека тоа може да се смени пред ждрепката за турнирите следниот петок.

„Постојано сме во врска со португалските и германските власти, а во вторник разговарав и со премиерот на Португалија. Ќе ги следиме препораките на властите и наскоро ќе донесеме одлука, најверојатно пред ждрепката на 10 јули. Би сакале да има фанови, нормално, но нема да ризикуваме. Ќе биде тажно ако најважниот меч во европскиот клупски фудбал се игра на празен стадион“, изјави Чеферин.

> УЕФА наскоро ќе одлучи дали ќе има публика на ЛШ и ЛЕ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк