Утрински Весник
Македонија

Кичеец бил повикан во полициска станица за објавените разговори

Кичеец бил повикан во полициска станица за објавените разговори

Осуденикот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец чиј глас изминатиов период се слуша во повеќе разговори со лидерот Христијан Мицкоски, но и со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, денеска бил повикан и отишол на информативен разговор во полициската станица Карпош. Потврда за ова има и од Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека Милески-Кичеец дал исказ во присуство на адвокат.

„Од страна на МВР му беше доставена покана да се јави на информативен разговор денеска во полициската станица Карпош, по член 276 од ЗКП,а во врска со објавени аудио-снимки на социјалните мрежи. З.М денеска дојде во ПС Карпош заедно со својот адвокат и врз основa на неговиот исказ ќе биде сочинето известување до ОЈО“, велат од МВР за „Макфакс“.

Во разговорите меѓу Мицкоски и Кичеец, се слуша и гласот на Слободанка Алексовска, ексвработена во болницата „Систина“ на Орце Камчев. Засега, таа и Мицкоски не се повикани на разговор, а ниту пак, Зоран Заев и Драги Рашковски кои се споменувани во разговорите меѓу Дака и Кичеец.

Текстот Кичеец бил повикан во полициска станица за објавените разговори е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди

Уште една жртва од нападот во училиштето за танци во Англија, на повредите им подлегна деветгодишно девојче