Утрински Весник
Македонија

Мицкоски и Дурловски во Дебар: Време е градот да добие музеј и да го сочуваме наследството

Мицкоски и Дурловски во Дебар: Време е градот да добие музеј и да го сочуваме наследството

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски ја посетија општината Дебар и остварија посета со населението. На средбата, Мицкоски порача дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има такви мерки кои што ќе гарантираат безусловна правда и нула толеранција на корупцијата

„Јас ќе започнам со дилемата дека овие избори се практично една раскрсница како сакаме да ја гледаме нашата држава во следните четири години. Тоа е една суштинска дилема која пред секој еден жител без разлика дали е Македонец, дали е Албанец, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, Ром, Египјанец е поставена на овие избори. Овие избори се избор каква Македонија сакаме да видиме за четири години од сега, а јас би рекол и годините кои што следат по овие четири години. Дали сакаме да гледаме Македонија која што ќе биде засрамена, понижена, омаловажена, опљачкана, полна со криминал, корупција, многу неуспеси или Македонија која што ќе биде горда, исправена и која што сите жители кои што се дел од нејзе ќе можат гордо да кажат да јас сум од Македонија, среќни граѓани. Држава во која што секој ќе го пронајде сопственото место затоа што тоа место одговара на неговиот квалитет, на неговите компетенции“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека граѓаните треба да се определат во каква држава сакаат да живеат, држава во која што секојдневно ќе се гледаат Луј Витон ташничиња полни со пари или пак држава во која што ќе владеат законите, ќе се почитува Уставот, правото и правдината ќе бидат над се.

Носителот на ИЕ 5, Игор Дурловски укажа дека мора преку инвестициски проекти да се развие Дебар, да се охрабрат повратниците од странство кои имаат желба да инвестираат тука, да се развие бајнскиот туризам со модернизирање и проширување на постојните капацитети, но и да ги искористат потенцијалите на природата кои се единствени околу Дебар и Дебарското Езеро.

„Нашата цел ќе биде да го сочуваме и промовираме културното и историското наследство по кое Дебар е препознатлив во историјата, да го сочуваме споменот и делата на познати дебарски зографи, копаничари, градители. Време е Дебар да добие музеј, музеј на преродбата. Музеј на Дичо Зограф и прославената дебарска школа, ова е проект од Обновата на Македонија кој уверен сум дека ќе го поттикне локалниот културен и туристички развој на Дебар. Јас чувствувам сериозна одговорност, ја знам тежината на секој изговорен збор, на секое ветување. Секој предложен проект кој треба да се реализира“, потенцираше тој.

Дурловски од Дебар додаде дека обновата на Македонија е одговор на народот и затоа ја бара поддршка на 15 јули за да се направи пресвртница.

Текстот Мицкоски и Дурловски во Дебар: Време е градот да добие музеј и да го сочуваме наследството е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности