Утрински Весник
Свет

(Видео) Масовни собири во Берлин, Германците протестираат против забраната за големи настани

(Видео) Масовни собири во Берлин, Германците протестираат против забраната за големи настани

Членовите на Германската асоцијација на забавувачи (Deutscher Schaustellerbund), како и сите оние кои се незадоволни од ограничувањата наметнати поради пандемијата на коронавирусот, одржуваат митинг во Берлин, спротивставувајќи се на забраната за големи настани во земјата, пренесува „Спутник“.

Тековните ограничувања ги оставија без работа саемите, панаѓурите и организаторите на настани, бидејќи не можат да привлечат туристи на настаните.

Германската влада претходно олесни некои ограничувања, но остана забраната за големи настани до крајот на октомври што значеше откажување на легендарниот фестивал на пивото „Октоберфест“, како и на други манифестации.

Во моментот, центарот на германската престолнина е блокиран бидејќи демонстрантите собраа околу 300 возила на митингот.

 

 

Текстот (Видео) Масовни собири во Берлин, Германците протестираат против забраната за големи настани е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег