Утрински Весник
Македонија

Жерновски: Зошто Чулев толерира беззаконие?

Жерновски: Зошто Чулев толерира беззаконие?

„Борбата за власт е легитимна, но не по цена на здравјето на граѓаните и по цена на човечки животи.Оваа предизборна кампања, која се води во специфични услови поради пандемијата, бара огромна сериозност и посветеност од сите нас. Самата кампања, меѓу другото, е сликата за партиите кои претендираат да победат и формираат Влада“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

„Бев вчера во Кичево и тоа што го видов, ме запрепасти. Нашите политички противници имаа собир, во присуство на нивниот претседател Мицковски и носител на ИЕ, Дурловски. Во буквален смисол на зборот беа прекршени сите можни протоколи и мерки за заштита и превенција од ширењето на коронавирусот. Не само што тоа беше класичен политички митинг, каде со интенција се погази протоколот за максималниот број на препишани 50 граѓани на партиски предизборен собир, не само што не се одржуваше неопходната и обврзувачка физичка дистанца, туку на прсти можеа да се избројат партиските приврзаници кои носат заштитни маска“, вели тој.

„Како е можно тоа да (си) го дозволат? Каде е тука грижата за здравјето на луѓето?Разочарувачки е да се види како партијата, која навидум ја ставаше грижата за граѓаните на прво место, организира партиски собири на кои партиското раководство, на чело со самиот Мицковски, ги прекршува сите правила за јавни собири.За жал, ова ВМРО-ДПМНЕ е поопасно дури и од она претходното, бидејќи денеска финционира како проширена и надоградена варијанта на безмилосното и монструозно однесување на режимот, кој цела деценија ја држеше државата во заложништво. Токму затоа не смееме во ниту еден момент да заборавиме што сѐ се подготвени да сторат и колку далеку можат да одат во намерите да спречат демократија, владеење на право и правичност, реформи и интеграција на државата.

За крај, јавно го прашувам техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, зошто не сака да ги види овие фотографии и зошто не сака да го санкционира ваквото штетно и погубно однесување на неговиот партиски шеф, Мицковски? Та нели токму здравјето на граѓаните, кое неговата партија толку извикано го претставуваше како аргумент за бесконечно одложување на изборите, беше нивниот врвен приоритет?Или, повторно се работи за хипокризија“, додава Жерновски.

Текстот Жерновски: Зошто Чулев толерира беззаконие? е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина