Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО предупредува дека допрва ни следува катастрофа: пандемијата се влошува, не слабее

СЗО предупредува дека допрва ни следува катастрофа: пандемијата се влошува, не слабее
Img 7972

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60 отсто од 10 милиони заболени во светот се регистрирани во јуни, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.

Директорот на СЗО, Тедрос Адана Гебрејес, рече дека се регистрираат до 160.000 случаи дневно и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против коронавирусот.

„Пронајдете, изолирајте и водете сметка за секој случај, следете ги и ставете ги во карантин сите нивни контакти, обучувајте ги и опремувајте ги здравствените работници, едуцирајте ги и оспособете ги граѓаните за да можат да се заштитат себеси и другите“, рече Тедрос.

Тедрос предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат долг пат пред себе, пренесува „Гласот на Америка“.

„Не само тестирање. Не само физичка дистанца. Не само следење контакти. Не само да носат маски. Туку се одеднаш“, рече тој и истакна дека една од работите што ги научи во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во една земја.

Директорот на СЗО напомена дека носењето маска понекогаш може да спаси животи.

Текстот СЗО предупредува дека допрва ни следува катастрофа: пандемијата се влошува, не слабее е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа