За идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, односно идната влада на Република Македонија, квалитетно и модерно образование претставуваат приоритет, квалитетното и модерно образование се темел за развој на другите општествени полиња и се темел за развиток на другите приоритети како што се економијата, градењето на демократско општество, градењето на праведно општество и развој на сите индивидуа се со цел за подобар живот, истакна Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Квалитетно и модерно образование во функција на пазарот на трудот ќе изгради иновативни единки и широка распространета мрежа на иновации кои ова држава ќе ја водат во просперитет.
Во програмата за образование на ВМРО-ДПМНЕ има многу приоритетни проекти, но ќе ги одвојам најважните.
Ќе почнеме од основното и средно образование, а потоа и со високото. Во основното образование се предвидени реформи на наставните планови и програми, со особен осврт кон воспитната дејност на најмладите. Најмладите ќе бидат растеретени од заморното учење на факти и репродукција на факти, а ќе се обрне внимание на нивното критичко мислење на развој на демократски капацитет, на спознавање на себе и околината, на моралните и етичкие норми, на спознавање на различностите и прифаќање на различностите, на споделување на проблемите и решавање на проблемите. Наставниците ќе бидат растеретени од огромната административна работа на пишување и препишување на едни исти описни оценки или други оценки, како во е-дневникот така во дневникот и матичната книга. Тие ќе се посветат на образованието, а не на администрацијата.
Наставниците ќе добијат повисока плата како мотив за нивната работа, достојна за нивниот труд кој го вложуваат во образованието на најмладите од кои ќе се продуцираат нашите научници, нашите политичари, нашите филозофи, нашите доктори. Платата на наставниците ќе биде според колективниот договор, ќе има израмнување и таа ќе изнесува 36.000 денари.
Тука да не ги пропуштам професорите, како што веќе слушнавте платата на универзитетските професори ќе достигне до 100.000 денари.
Наставниците ќе имаат кариерно напредување, нив ќе им бидат признаени сите достигнувања кои тие ги достигнале во својот професионален живот, магистериумите, докторатите, наставникот ментор, наставникот советник ќе бидат соодветно наградени и еволуирани за својата работа. Притоа учениците исто така ќе можат да работат со наставник кој е задоволен и мотивиран, ќе се трудат и ќе сакаат да стекнат знаење со мотивирани наставници.
Од останатите проекти во однос на средното образование, предвидовме средно образование во функција на стопанството. Дуално образование, образование според пазарот на труд и според потребите на општеството. Предвидовме кариерно советувањ3е на учениците, како и нивно кариерно определување со помош на наставниците.
За учениците како и за студентите ќе има можност за субвенционрање од страна на државата за нивниот научен или истражувачки труд. Исто така ќе биде соодветно награден секој успех на наставникот ментор за секој научен и истражувачки проект за кој ученикот ќе биде награден во Република Македонија или надвор од неа.
Наставниците исто така ќе имаат можност да стекнат едукација која нема да биде на нивен терет туку на терет на министерството за образование. Во случај да треба од септември повторно да работиме на онлајн настава во преодната програма на нашата партија се предвидени повеќе чекори, меѓутоа во однос на образование предвидено е формирање на национална програма преку која министерството за образование заедно со македонските ИТ компании ќе изработи платформа, една единствена како за учениците така и за студентите и за наставниците да биде униформна да биде достапна на сите на кои што ќе им биде потребна.
На неа наставниците ќе постават снимени материјали кои на учениците и студентите ќе им бидат достапни во секое време, кога тие ќе бидат спремни да се посветат на учењето. Истата платформа ќе биде користена не само во ситуации на кризи како што е КОВИД-19 епидемијата туку таа може да се користи и за учење во ситуации како на пример како што знаете во зимскиот период во Скопје и другите градови имаме зголемување на ПМ 10 честичките.
Она што се однесува на високот образование, нашата влада ќе обезбеди средства за научно истражување најмалку 40 проекти годишно ќе бидат финансирани од нашата влада. Факултетите, универзитетите ќе го добијат кадровскиот потенцијал кој што им е потребен, не само во смисла на професорски кадар туку и технички.
Нашата влада нема да дозволи ниту еден ученик, ниту едно лице со попреченост да биде заборавено како што тоа сега беше случај. Ние ним ќе им посветиме посебно внимание“ порача Јаневска.
Текстот (Видео) Јаневска: 36.000 денари плата за наставниците и до 100.000 денари за универзитетските професори е превземен од МАКФАКС.