Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ годишно ќе одвојува по 2,5 милијарди денари за спортот

(Видео) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ годишно ќе одвојува по 2,5 милијарди денари за спортот
Img 7972

 

Во наредниот четиригодишен период се обврзуваме да го развиеме спортот до степен да сите граѓани ги почувствуваат позитивните ефекти од него, изјави Никола Мицевски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мерката спортски денар предвидува одвојување на еден денар за спортот од акцизата за нафтени деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развојот на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот односно од трите денари акциза за нафтени деривати кои ги наметна оваа репресивна власт, еден денар односно 800 милиони денари ќе бидат наменете за спортот или вкупно 2,5 милијарди денари годишно ќе бидат наменети за овие три области“, најави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи и дека во програмата на неговата партија се предвидува комплетно нов закон за спорт со кој што ќе се задржат позитивните мерки, а истовремено ќе се следат и имплементираат актуелните спортски трендови во развојот на спортот и неговото унапредување.

„Зголемување на надлежностите на општините во областа на спортот. Воспоставување на современа спортска медицина, воведување на високи стандарди во здравствената заштита и медицинските прегледи од областа на спортот, изградба на национален центар за спорт, спортски комплекс за летни и зимски подготовки на спортистите, одржување на турнири и младински првенства во различни спортови, како и нови сместувачки капацитети за учениците и студентите од областа на спортот“, истакна Мицевски дел од плановите во предизборната програма.

Текстот (Видео) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ годишно ќе одвојува по 2,5 милијарди денари за спортот е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Незгода со глисер на суво во Охрид (ФОТО)

Обиени паркомати во ГТЦ, Клиника и катна гаража

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се ќе направи за свој партиски интерес, можно е ВЛЕН да биде заменета со ДУИ по изборите