Утрински Весник
Свет

Во Словенија 21 новозаболен, најголем дневен раст од средината на април

Во Словенија 21 новозаболен, најголем дневен раст од средината на април
Screenshot

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани за коронавирус 1.198 лица, а потврдени се 21 нов случај на инфекција, осум повеќе од претходниот ден, потврди словенечката влада во четвртокот.

Ова е најголем број нови дневни инфекции од 16 април кога имаше 36 позитивни тестови.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Во моментов, 9 пациенти се хоспитализирани во Словенија поради „Ковид-19“, што е за еден повеќе од претходниот ден, но на ниту еден од нив не им треба интензивно лекување.

Вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата со најновите податоци е зголемен на 1634, додека бројот на починатите меѓу заразените сè уште останува на 111 бидејќи немаше нови смртни случаи меѓу заразените.

Бројот на активни инфекции на 100.000 жители во Словенија во моментов е 5,9, а според критериумите на словенечките епидемиолози, епидемиолошки безбедна земја е онаа во која нема повеќе од десет нови инфекции на 100 000 жители во период од 14 дена. Затоа сегашниот тренд на зголемување на бројот на дневни инфекции е опасен бидејќи, доколку продолжи, Словенија би можела да го премине прагот на пропишана епидемиолошка безбедност за помалку од две недели, јавуваат словенечките медиуми.

Медиумите наведуваат дека медицинските експерти проценуваат дека повторно треба да се прогласи епидемија во Словенија доколку бројот на нови инфекции се зголеми на 30 на ден, но дека нема да има повторно затворање на економијата и социјалниот живот затоа што животот мора да продолжи во нова нормалност.

 

Текстот Во Словенија 21 новозаболен, најголем дневен раст од средината на април е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во потрага на Раиси

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување