Утрински Весник
Свет

Ѓукановиќ за законот за геј бракови: Влегуваме меѓу најразвиените демократии во светот

Ѓукановиќ за законот за геј бракови: Влегуваме меѓу најразвиените демократии во светот

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерот Душко Марковиќ го поздравија донесувањето на Законот за истополови бракови во Црна Гора.

Тие оценија дека тоа е чекор напред кон друштвото на најразвиени демократии во светот.

Ѓукановиќ смета дека Црна Гора како општество созрева, ги прифаќа и ги живее различностите.

Тој на својот профил на „Твитер“ напиша дека ова е прв пат Црна Гора со закон да регулира истополовите заедници.

„Потврда дека ние како општество созреваме, прифаќаме и живееме разновидност! Родени слободни и еднакви по достоинство и права!“, наведе Ѓукановиќ.

Марковиќ, исто така, оцени дека овој закон е голем чекор во вистинска насока за црногорското општество, неговата демократска зрелост и процесот на интеграција.

„Еднаквоста и еднаквите права за сите се основа на човековите и европските вредности“, напиша Марковиќ на „Твитер“.

Синоќа парламентот на Црна Гора го донесе Законот за животно партнерство на лица од ист пол, за чие усвојување беше потребен 41 глас од вкупно 81 пратеничко место во собранието.

Текстот Ѓукановиќ за законот за геј бракови: Влегуваме меѓу најразвиените демократии во светот е превземен од МАКФАКС.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа

Блумберг: САД и Русија планираат прекин на огнот што би ја зацврстил руската контрола врз заземените украински територии