Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека новата сезона во Лигата на шампините ќе започне на 20 октомври. Поради пандемијата на коронавирусот тековната сезона ќе заврши во август со завршен турнир во Лисабон.
Сезоната 2020/2021 во Лигата на шампионите ќе започне на 20 октомври, а ќе заврши на 9 декември кога ќе бидат одиграни натпреварите од шестото коло во фазата по групи.
УЕФА исто така објави дека нокаут-фазата ќе се игра во стандардните термини, односно ќе започне со осмина-финалните натпревари на 16 февруари 2021 година, четврт-финалната фаза ќе започне на 6 април, а првите полу-финални мечеви ќе се одиграат на 27 и 28 април. Финалниот меч според распоредот ќе се одигра на 29 мај во Истанбул.
> Новата сезона во ЛШ ќе стартува во октомври <