Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Да продолжи отстранувањето на дивоградбите покрај Охридското Езеро

Шекеринска: Дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на злоупотребата на ВМРО-ДПМНЕ

Зелената партија ДОМ ја поздравува решителната акција на Општина Охрид за отстранување на бесправните објекти на плажите за кои се истечени концесиите.

„ Секојдневно сме сведоци на ослободување на крајбрежјето од бетонски и челични градби што го нарушуваа пределот и правеа штета на природните вредности и биолошката разновидност. Конечно, се спроведуваат неопходните активности за да се стави крај на долгогодишна узурпација на крајбрежјето. Затоа, даваме силна поддршка на Општина Охрид и инспекциските служби да продолжат со борбата за зачувување на вредностите на Охридскиот регион и неговиот УНЕСКО статус.

Вчера, Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на мораториумот на градби и легализација на бесправни објекти, три месеци по носењето на оваа одлука во Охрид. И покрај големото доцнење, сметаме дека тоа е мал чекор во добра насока. Сепак, недозволиво е владината Уредба со законска сила за плажите да не се применува на струшкото крајбрежје!

Ја повикуваме Општина Струга да го следи примерот на Охрид и да го ослободи и западниот дел на езерото од парапетчиња, платформи и други нелегални градби. Апелираме Државниот пазарен инспекторат и УЈП да обезбедат доследно спроведување на Уредбата на Владата“ велат од ДОМ.

Текстот ДОМ: Да продолжи отстранувањето на дивоградбите покрај Охридското Езеро е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош