Утрински Весник
Македонија

Општина Охрид започнува реализација на проектот „Ваш реонски општинар“

Општина Охрид започнува реализација на проектот „Ваш реонски општинар“

Со проектот „Ваш реонски општинар“ охридските локални власти прават обид да се доближат до граѓаните со цел да им се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат, да се увиди состојбата на самото место, односно улица и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.

Со овој проект градот Охрид е поделен на пет реони, при што точно се дефинирани границите на секој. За еден реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите нивни проблеми и потреби.

Преку веб-страницата на Општина Охрид и на телефонски број 072 800 705 охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем. По секоја забелешка или предлог од страна на граѓаните ќе се отвора посебен предмет и истите ќе бидат информирани за начинот на решавање на проблемот и за временската рамка кога ќе се реши истиот.

Со ваквиот начин на работа, преку овој проект побрзо ќе започнат да се решаваат проблемите на граѓаните и истиот ќе биде основа за изработка на програмските активности од комуналната сфера на Општина Охрид.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер