Утрински Весник
Свет

САД бараат од Турција да не ја претвора „Аја Софија“ во џамија

САД бараат од Турција да не ја претвора „Аја Софија“ во џамија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика Турција да не ја претворa поранешната базилика „Аја Софија“ во џамија, како што сака турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ги повикуваме турските власти да продолжат да ја сочуваат Аја Софија како музеј, како илустрација на нивната заложба за почитување на културните традиции и богатата историја што ја формирале турската република и да гарантираат дека таа ќе остане отворена за сите“, напиша Помпео.

Турскиот државен совет ќе го разгледа барањето на здруженијата кои сакаат поранешната базилика Аја Софија, која сега е музеј, да ја претворат во џамија.

„САД сметаат дека секоја промена на статусот на Аја Софија би била ограничување на наследството на оваа исклучителна градба“, додаде Помпео.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој изјави дека Турција е изненадена од изјавите, додавајќи дека никој нема право да зборува со предупредувачки тон за нивните суверени права.

Текстот САД бараат од Турција да не ја претвора „Аја Софија“ во џамија е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење