Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Татко и син во притвор претепани до смрт, уапсени пет полицајци

Татко и син во притвор претепани до смрт, уапсени пет полицајци
Img 7972

Во Индија се уапсени пет полицајци поради смртта на татко и син во полициски притвор, изјави висок истражен службеник, откако јавноста изрази гнев поради случајот, споредувајќи го со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

Минатата недела Џ. Џајараџ (59) и Беникс Имануел (31) биле брутално претепани, што предизвикало ректално крвавење и на крајот смрт, се вели во писмото до владини службеници испратено од сопругата на Џајараџ, Џ. Селварани.

„Би-би-си“ наведува дека уапсените полицајци се обвинети за убиство поради смртта на татко и син во сојузната индиска држава Тамил Наду.
Двајцата починале два дена откако биле ослободени од полицискиот притвор.

Тие биле уапсени затоа што, наводно, ја држеле продавницата отворена, откако истекло времето кога било дозволено продавниците да бидат отворени за време на пандемијата на коронавирусот.

Инцидентот предизвика протести, поради што локалниот суд започна истрага.

Судот објави дека има основи за покренување обвинение за убиство против полицајците.

Текстот Татко и син во притвор претепани до смрт, уапсени пет полицајци е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва