Утрински Весник
Спорт

Барса го отпушти Светислав Пешиќ

Барса го отпушти Светислав Пешиќ

По поразот во финалето на Ендеса лигата од Басконија, Барселона се раздели со српскиот тренер Светислав Пешиќ, откако спогодбено го раскина неговиот договор.

Пешиќ, кој имаше договор со клубот до крајот на сезоната 2021, со Барселона освои една титула од Евролигата (2003), две домашни титули (2003, 2004) и три Купови на Шпанија (2003, 2018, 2019), но драматичниот пораз од Басконија беше доволен за клубот да побара ново решение.

„И пред плејофот на Ендеса лигата се договоривме дека ова е мојата последна сезона како тренер, бидејќи е време некој друг да добие шанса. Горд сум на моите кошаркари за сезоната, а секогаш сум тука за Барселона“, напиша Пешиќ.

Фаворит за неговото место е тренерот на Жалгирис, Шарунас Јасикевичус, кој исто така е во игра за испразнетото место во Фенербахче.

Текстот Барса го отпушти Светислав Пешиќ е превземен од МАКФАКС.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија