Утрински Весник
Свет

Франција се повлече од поморска мисија на НАТО, по инцидентот со Турција

Франција се повлече од поморска мисија на НАТО, по инцидентот со Турција

Франција го известила НАТО дека го суспендира учеството во операцијата во Средоземното Море откако ги доби резултатите од истрагата за инцидентот помеѓу турски и француски воени бродови, изјави претставник на француското Министерство за вооружени сили.

Турскиот амбасадор во Франција, Исмаил Хаки Муса, претходно пред француските пратенци рече дека Париз се повлекува откако истрагата за инцидентот не резултирала со заклучоци, ниту ги потврдила француските тврдења.

Односите меѓу сојузниците во НАТО Франција и Турција се влошија во последните неколку недели, како резултат на состојбите во Либија, северна Сирија и дупчењето во источниот Медитеран.

Франуските власти беа особено гневни кон Турција откако турски воени бродови агресивно пристапиле кон бродот „Курбет“, откако во јуни неговиот екипаж се обидел да пребара брод за кој се верувало дека го крши ембаргото на Обединетите нации за Либија.

„Куберт“ дејствувал во рамки на НАТО мисијата, Чувари на морето.

Текстот Франција се повлече од поморска мисија на НАТО, по инцидентот со Турција е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел нападна цели на Хезболах во Либан

Украински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз