Утрински Весник
Магазин

Академијата кани Афроамериканци во обид да го зголеми диверзитетот

Академијата кани Афроамериканци во обид да го зголеми диверзитетот
Dik 300x250 mk

Академијата за филмска уметност и наука покани 819 луѓе да ѝ се приклучат на организацијата оваа годин, а меу нив се Зендеја, Ева Лонгорија, Синтија Ериво, Аквафина и Џон Дејвид Вашингтон.

Од поканетите годинава, повеќе од една третина или 36 проценти се Афроамериканци, Латиноамериканци и  други, пренесуваат медиумите.

Имињата на ново-поканетите беа објавени во вторникот од страна на Академијата, организација која доделува „Оскари“. Доколку прифатат, обично така и се случува, оние во новата класа ќе имаат привилегија да гласаат на овогодинешните „Оскари“.

 

Масивната листа за 2020 година опфаќа различни слоеви на луѓе од сите гранки на индустријата, од актери и музичари до публицисти и дизајнери на костуми.

Меѓу поканетите актери се Ана Де Армас, Брајан Тајри Хенри, Флоренс Пуг, Лејкет Стенфилд, Бени Фелдстајн и Констанца Ву.

Текстот Академијата кани Афроамериканци во обид да го зголеми диверзитетот е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци остануваат смирени во секоја ситуација

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац