Утрински Весник
Македонија

Спасовски во Шуто Оризари: Режимот влечеше за уши, а ние влечеме кон нова развојна економија

Спасовски во Шуто Оризари: Режимот влечеше за уши, а ние влечеме кон нова развојна економија

Бараме мандат да продолжиме да ги враќаме парите кон граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ бара мандат за да го обнови режимот и да продолжат да крадат, изјави во Шуто Оризари носителот на коалицијата „Можеме“ во втората изборна единица, Оливер Спасовски.

„Никогаш повеќе режимот нема да влече за уши, затоа што Македонија е на правиот пат и во слобода продолжуваме да влечеме кон нова развојна економија и егзистенција за сите“, истакна Спасовски.

Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски #Можеме #СДСМ

[?Во живо] Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски

Posted by Oliver Spasovski on Среда, 01 јули 2020

Тој пред жителите на Шуто Оризари објасни дека новата програма на СДСМ предвидува зголемување на лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, од 600 на 800 денари месечно, односно како што рече, за 9.600 денари годишно повеќе пари во семејните буџети.

„Минималната плата ќе ја покачивме од 14.500 на 20.000 денари, а беше 9.000 денари. Просечната плата од 22.300 денари ќе ја покачиме на 34.000 денари до крајот на мандатот. Ќе воведеме минимална пензија за ниту еден пензионер да не зема помалку од 10.700 денари. Пензиите се покачени за 720 денари од јануари за сите пензионери и со новото усогласување, пензионерите, во 2020 година ќе примат поголеми пензии“, посочи Спасовски нагласувајќи дека граѓаните заслужуваат сигурна иднина со нова развојна економија.

Текстот Спасовски во Шуто Оризари: Режимот влечеше за уши, а ние влечеме кон нова развојна економија е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

(Видео) Анкета: Дали платите на функционерите се високи? Еве што велат граѓаните

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка